Loading Video...
Свет
20. February 2025 - 16:53

Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина

Русија ги држи картите во какви било мировни преговори за ставање крај на војната во Украина, а украинскиот претседател подобро да дејствува брзо бидејќи нема да му остане земја, изјави американскиот претседател за Би-Би-Си во пресрет на средбата помегу Зеленски и Кит Келог, специјален пратеник на САД за Украина и Русија планирана за попладнево во Киев. 

„Мислам дека Русите сакаат да го видат крајот на војната, јас навистина сакам. Мислам дека тие малку ги имаат картите, бидејќи зазедоа многу територија. Тие ги имаат картите“, изјави Трамп за Би-Би-Си на Ер Форс Уан.

Франсукиот претседател и британскиот премиер ќе имаат можност следната недела на одовени средби да разговараат со американскиот претседател за војната во Украина. Поканата до Макрон и Стармер за средба со Трамп во Вашитотн ја испрати советникот за националната безбедност на Трамп, Мајк Волц.

Според најавите, европските лидери на шефот на Белата куќа ќе му го претстават англиско - фрацускиот предлог за распоредување на околу 30 000 европски војници во Украина за надгледување на евентуален договор за прекин на огнот, а ќе побараат од него да обезбеди американска воздушна и ракетна поддршка од Источна Европа во случај на руско прекршување на договорот. Регираше Кремњ- За Русија е неприфатливо европски трупи да бидат во Украина. 

- Ова е прашање на наша загриженост, бидејќи зборуваме за можно, евентуално испраќање воени контингенти на земјите од НАТО во Украина. Ова добива сосема поинакво значење од гледна точка на нашата безбедност, така што оваа тема е важна за нас. Се разбира, распоредувањето на воени контингенти на земји членки на НАТО на територијата на Украина не може да биде прифатливо за нас, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.

Во меѓувреме некои европски лидери го критуваа Трамп за коментарот дека Зеленски е диктатор кој не сака да организира претседателски избори, бидејки неговот мандат е истечен. 

- Многу ми е јасно дека украинскиот претседател е демократски избран претседател. Тој надвладеа против своите конкуренти и имаше многу јасно, недвосмислено гласање од граѓаните на Украина за демократија, за развој на владеењето на правото во Украина, изјави Шолц.

- Тоа е неточен опис. Русија ја започна војната. Претседателот Зеленски е демократски избран. Мислам дека никој не сака избори повеќе од Украина бидејќи изборите би значеле дека има мир во Украина и дека тие самите можат повторно да владеат со својата земја.