Трамп: САД и Иран наскоро може да постигнат мировен договор

САД и Иран наскоро би можеле да постигнат мировен договор, изјави синоќа американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека ако преговорите не успеат, обновувањето на непријателствата останува на маса. Во интервју за Фокс њуз, Трамп исто така рече дека Техеран се согласил да не развива, ниту да набавува нуклеарно оружје.
„Би сакал да имаме договор, бидејќи можеме да ја отвориме (Ормуската теснина) веднаш по потпишувањето. Единствената гаранција што ми треба е дека нема да има нуклеарно оружје. Тие се согласија со тоа и тоа беше многу интересно“, рече американскиот претседател, додавајќи дека Иран исто така се согласил „на каков и да е начин да не стекнува (нуклеарно) оружје на никаков начин“.
„Првично тие рекоа: „Нема да развиваме нуклеарно оружје“. Јас реков: „Па, што би се случило ако купите нуклеарно оружје?“ Сега тие велат: „Нема да развиваме и нема да купуваме оружје на никаков начин“. Полека го добиваме она што го сакаме, преговарачите се многу строги и потребно е долго време, но не брзам“, рече Трамп.
Тој рече дека ќе биде постигнат „голем договор, во спротивно само ќе се вратиме и ќе ги завршиме нештата по воен пат“.
Американскиот претседател нагласи дека би претпочитал дипломатско решение и се надева дека ќе се избегне воена ескалација.
„Во суштина ја победивме нивната војска“, додаде Трамп.
Американското издание „Аксиос“ претходно објави, повикувајќи се на висок функционер од администрацијата на Трамп и друг извор запознаен со ова прашање, дека претседателот Трамп побарал неколку измени во мировниот договор што го договориле американските претставници и нивните ирански колеги.
Според изданието, Трамп инсистирал и на измени во дел од формулацијата поврзана со отворањето на Ормуската теснина за бродови.
МИА
Ново на Сител
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
