Трамп вели дека е можно олеснување на царините ако ЕУ го отвори пазарот за американските фирми
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Соединетите Американски Држави се подготвени да ги намалат царините за европските стоки ако Европската Унија го отвори својот пазар дополнително за американските компании.
- Ако се согласат да ја отворат унијата за американските бизниси, тогаш ќе им дозволиме да плаќаат пониска царина, рече Трамп на настан фокусиран на вештачката интелигенција, осврнувајќи се на тековните преговори со ЕУ. Тој додаде дека во моментов се водат сериозни разговори.
САД со недели преговараат со ЕУ за трговски договор за да се спречи стапување на сила на американските царини од 30 проценти за увоз од блокот на 1 август.
Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон претставија обединет фронт за време на разговорите во Берлин во вчера, сигнализирајќи дека ЕУ е подготвена да одговори ако преговорите со Вашингтон не успеат.
Портпаролот на германската влада Стефан Корнелиус изјави дека двајцата лидери се согласиле да ја задржат опцијата за дополнителни трговски мерки на маса доколку разговорите со САД не успеат. Тој додаде дека Мерц и Макрон се подготвени и да смислат нови инструменти, доколку е потребно.
Корнелиус рече дека Германија и Франција, исто така, планираат тесно да се координираат со Италија и Европската комисија додека разговорите со Вашингтон влегуваат во последната фаза.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите