Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор

Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија - мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор.
Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. е прифател предлогот и на сите четворица им е определена мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1, 2 и 3 односно „Опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото“. За петтоосомничената Ј.К Судот го прифати променетиот предлог на јавниот обвинител за определување мерка куќен притвор
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК вчера во попладневните часови ги лишиле од слобода петте лица, меѓу кои, директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, управител на правно лице, кое иако не ги исполнувало условите по примено ветување за подарок од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, како и други три лица, меѓу кои вработени во УЈП и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, кои биле посредници при давањето поткуп.
Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес.
Како што информираат попладнево од МВР, вчера во попладневните часови полициски службеници лишиле од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Н. (77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица А.Ф.(44), Ј.К.(35) и И.С.(57) како посредници сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Ф.Ф.(47) сторил продолжено кривично дело „примање поткуп“.
Ценејќи дека се исполнети условите за определување на мерка притвор, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднел барање за определување мерка притвор за сите осомничени.
Првоосомничениот, како што информираа од Обвинителство, – управител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во повеќе наврати, директно и преку посредници му ветил подарок – парични средства од значителна вредност на директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ.
Останатите тројца осомничени од кои еден даночен референт во УЈП РД Скопје и еден државен службеник вработен во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство, искористувајки го своето реално влијание и службената положба побарале и го потикнаале директорот на Агенцијата да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши.
- Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите предвидени во Јавниот повик бр.01/24 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот по применото ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50 000 евра, во текот на вчерашниот ден потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и притоа примил дел од паричните средства во износ од 400 евра кои при претрес се пронајдени и одземени, се вели во соопштението од Обвинителство.
При извршени претреси, како што информираат од МВР, на други локации пронајдени се парични средства во значителна вредност.
МИА
Ново на Сител
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
-

Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
-

„Нова сила“ со стари имиња – Филипче го склопи партиското раководство
-

Македонска делегација во Брисел
-

Падот на бугарската влада нема да ја закочи изградбата на железничкиот тунел меѓу Македонија и Бугарија, вели Николоски
-

МВР отвори шалтер „Безбеден град“ за граѓаните да ги ажурираат податоците
-

Кинеската амбасадорка ја посети Јофа Текс - компанија која соработува со Кина повеќе од 20 години
-

Босилово ќе ги користи австриските искуства во противпожарната заштита и доброволното пожарникарство
