Трипуновски: Опозицијата шири дезинформации, нема кратење на средствата за субвенции

Имаше една дилема што опозицијата се обиде да ја искористи за политички поен. Верувам дека, во состојба на безидејност, немање креативност и конкретни предлози, се обидуваат набрзина да остварат политички поени. Пласираа информација дека се скратени 40 милиони евра од програмата за субвенции, што го отфрлам, тоа не е точно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на радиото „Лидер“, се вели во соопштението од МЗШВ, што МИА го објавува интегрално.
„Во текот на годината, со ребаланс или со пренамена на средства, доколку има потреба, се обезбедуваат дополнителни средства во програмата. За потсетување, во 2024 година ја наследивме програмата со речиси 100 милиони евра. Со ребалансот што го направи сегашната Влада беа обезбедени дополнителни средства и таа изнесуваше приближно 117 милиони евра, а до крајот на годината програмата беше дополнително зголемена со пренамена на средства и изнесуваше 137 милиони евра“, потсети министерот Трипуновски.
Тој посочи дека средствата биле пренаменети за исплата на заостанати обврски од претходни години, наследени од претходната власт.
„Програмата што е донесена за тековната година, доколку има потреба од дополнителни средства, сигурно ќе биде дополнета. Проекцијата од 100 милиони евра е речиси идентична во изминатите 10-ина години и претставува стандардна рамка“, додаде министерот.
Министерот Трипуновски нагласи дека се шират дезинформации и дека нема кратење или намалување на средствата за субвенции.
Трипуновски: Над 30 земјоделски здруженија дадоа поддршка за реформите во земјоделството
„На последната средба што вчера се одржа во Министерството, на која учествуваа повеќе од 30-тина земјоделски здруженија и земјоделци, беше изразена поддршка за започнатите реформи во делот на субвенционирањето. Присутните ја поздравија насоката на измените, нагласувајќи дека за првпат вистинските и активни земјоделци се ставаат во фокусот на приоритети“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при своето гостување во „Лидер“.
Министерот посочи дека досегашната пракса овозможувала злоупотреби, посочувајќи примери со лозови насади кои формално се одржуваат, но без реална продукција, како и овошни насади во ресенскиот регион каде што не се врши вистинска обработка, а сепак се аплицирало и се добивале субвенции. Реформите имаат за цел да воспостават фер и правичен систем во кој поддршката ќе ја добиваат оние што навистина произведуваат.
Тој додаде дека во однос на големите корисници, комбинати и стопанства со поголеми површини, рентабилноста кај нив е различна во однос на малите производители, но дека и таму постојат јасно дефинирани критериуми.
Министерот посочи дека во почетните години од воведувањето на субвенциите имало позитивни ефекти и раст на производството, но дека во изминатите 7 до 10 години се бележи сериозен пад во производството на храна.
„Во рамките на работната група, во која лично учествувам, беше изработена детална анализа за да имаме јасен пресек и да поставиме основа за реформи, со цел прилагодување на земјоделците за новиот стратешки период 2028–2035 година“, појасни министерот.
Тој додаде дека во текот на 2026 и 2027 година земјоделците постепено ќе се подготвуваат за новиот правец на државната поддршка во секторот, со цел природните предуслови што ги има државата, сонце, вода и квалитетна почва да дадат резултати какви што ѝ се потребни на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
