-->
-->
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево
-->
Турски државјанин се здобил со повреди при извршување градежни работи во државава.
-Вчера во 15:55 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, од приватна болница во градот е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 46-годишниот М.А. од Република Турција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар - Кичево.
Се работи на расчистување на случајот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пожарите доаѓаат од центри на моќ за да сејат страв, идентификувани се 20 лица
-
Шест месеци по трагедијата во Кочани, тројца повредени се уште во болница
-
Убиената Росица 7 пати го пријавувала насилникот во полиција, Обвинителството постапувало по пријавите
-
Медицинска сестра од Онкологија: Васев во канцеларција имаше лекови
-
Злоупотреба на службени возила од денеска ќе може да се пријави на телефонскиот број: 070 399 050
-
Остра реторика и обвинувања меѓу партиите пред стартот на изборната трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Подметнат пожар во сервис за возила во Пинтија