Уапсен 36-годишник, превезувал над 1000 парчиња криумчарена стока | ФОТО

На 17.09.2026 околу 19:50 часот, од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН Белановце при РЦГР Север од слобода е лишен С.С. (36) од с. Гошинце, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по чл. 278 од КЗ.

Имено, во реонот на с. Липково од страна на полициски службеници бил даден знак за запирање на товарно возило „мерцедес спринтер“, управувано од С.С., но тој не застанал и продолжил со движење кон с. Отља, каде по преземени мерки од страна на полициските службеници, возилото било запрено.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени 320 парчиња текстил, 28 парчиња обувки, 350 парчиња техничка стока, 78 парчиња лекови, 76 парчиња козметика, шест делови за возила и 377 парчиња друга стока, сите без соодветна документација.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Куманово и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

Брисел: Правосудството со слабости, корупцијата тапка во место
-

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел
-

Турканици, нервози и расправии пред Алта банка во Битола – по 20.000 денари од шалтер подигнуваа тие кои добиле порака
