Македонија
26. February 2018 - 16:38

Ученици од три струмички села не стигнаа на училиште поради снегот

Снегот ја спречи наставата за дел од учениците во основното училиште Маршал Тито од Струмица. Поради непроодните патишта  вкупно 31 ученик од три  населени места  од планинскиот дел од општината  утрово неможеа да стасаат во  училишните клупи . Најголемиот дел од  учениците кои денеска не дојдоа на училиште се од селото Рич. Од ова населенио место се 23 деца,  шест се од Попчево и двајца ученици од селото Раборци. Сите тие настава следат во основното училиште Маршал Тито во Струмица.

- Денес со оглед на вонредната состојба од населените места село Попчево и село Рич значи 31 ученик неможеа да дојдат на настава. Тоа се ученици од шесто до девето одделение, а исто така и одделенска настава во село Рич и село Попчево денес неможеше да се изведува бидејќи теренот беше непрооден и неможеа учителките да стигнат на своите работни места, вели Благица Устапетрова – директор на училиштето Маршал Тито

Од улиштето  информираа дека освен овие деца сите останати ученици утрово пристигнале навреме во училишните простории и ја следеле наставата согласно предвидената програма.   Освен во ова во другите општински училишта во Струмица денеска немаше регистрирано отсуства на ученици поради непроодните патишта и лошите временски улови. Во меѓувреме од општина Струмица информираа дека јавното комунално претпријатие Комуналец интензивно работи на на чистење на снегот како во градот така и населените места ангажирајќи и дополнителна механизација од локалните градежни фирми.  Од таму известија дека патот до населеното место Раборци веќе е прооден, а продолжува пробивањето кон Рич и Попчево.