Македонија
11. April 2022 - 16:39

Училниците во штипските основни и средни училишта без наставници и без ученици

Училниците во штипските основни и средни училишта без наставници и без ученици. Скоро целиот наставен кадар стапи во штрајк, а само мал дел наставници од основните училишта во општина Kарбинци се одлучија да продолжат со настава.

-Околу 205 или може и помалку, 18% се во извршување на работните задачи, а останатите наставници во средното и основното образование ја почитуваат одлуката, изјави Марјан Костадиновски, претседател на РО на СОНК - Штип.

За сега нема поплаки од наставниците за евентуални притисоци од страна на директорите на училиштата и предшколските установи.

-Самата бројка на вработени кои земаа учество во генералниот штрајк, кажува дека нема притисок, додаде Костадиновски.

Градинките се отворени за престој на децата, процесот се одвива со редуциран кадар, но со внатрешна реорганизација на работните задачи.

-Во нашата установа се вработени 141 лице, од кои што официјално добивме информација дека 26 се во активен штрајк, изјави Билјана Трајчевска, директорка на градинка „Астибо“ - Штип.

Дел од вработените во детските градинки кои остануваат на работа, утре со потпишување на изјава, ќе дадат солидарна поддршка на штрајкот.