Удрил во куче, изгубил контрола па се судрил со возило во спротивна лента, загина 25 годишник од Крива Паланка

Вчера околу 19:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, во општина Старо Нагоричане, се случила тешка сообраќајна несреќа со фатален исход.
Според пријавата, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т. (25) од селото Нерав, удрило во куче скитник, по што возилото преминало во спротивната сообраќајна лента и се судрило директно со патничко возило „бмв“, управувано од Ф.Ј. (27) од селото Длабочица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатничките од возилото „бмв“, А.С. (20) и С.Ј. (53), сите од Крива Паланка. Повредените биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што возачот на „голфот“, С.Т., им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование може да претрпи измени
-

Стружани мака мачат со водата, не смеат да ја употребуваат за пиење
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Реконструкцијата, можните предвремени избори и партиски прелети ја вжештуваат реториката
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Нема веднаш да се казнува ако се пушат цигари на места каде е забрането – законот ќе се спроведува во фази
-

Нови правила за вработување во здравството
-

Силен земјотрес од 4,6 според Рихтер ја погоди Македонија: Регистрирани низа други по синоќешниот силен удар
