УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани 3 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според податоците на УХМР, 5 степени се измерени во Лазарополе, 6 во Маврови Анови, Битола и Крушево, 7 во Крива Паланка, 8 во Берово и Претор, 9 во Охрид, Виница и Прилеп, додека 10 степени се измерени во Куманово, Тетово, Штип и Струмица.
Во Скопје на мерната станица Зајчев Рид се измерени 11 степени, а во Велес, Кавадарци, Демир Капија и на скопскиот аеродром Петровец 12 степени.
Најтопло утрово било во Гевгелија со 14 Целзиусови степени.
Во изминатите 24 часа до 8 часот најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, каде се измерени 21 литар на квадратен метар.
Во Виница наврнале 9 литри на квадратен метар, во Берово 8, во Куманово 4, а по 1 литар на квадратен метар се измерени во Штип и Лазарополе.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
