УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство, дека се приближува крајниот рок за поднесување на електронската пресметка и доставување на соодветни докази за остварениот доход.
Како што соопшти УЈП, сите физички лица кои во 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство се должни до 31 март 2026 година да поднесат пресметка преку системот е-Даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam.
Обврската постои независно од тоа дали данокот во странската држава е платен или не.
Заедно со пресметката мора задолжително да се достават и докази – потврда од исплатувач, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи или друга релевантна документација што го покажува износот, видот и периодот на остварениот доход, како и евентуално платениот данок во странство.
УЈП наведува дека детални насоки за пријавување, пресметување на данокот и примената на договорите за избегнување двојно оданочување се достапни на официјалната веб-страница и преку следните линкови:
– http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogледни/1170
– е-Даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam
– Список на држави со договор за избегнување двојно оданочување: http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregлед/tr/md
– Упатство за пополнување на електронската пресметка: https://
Во рамки на редовната меѓународна соработка и размена на даночни информации, УЈП информира дека се поднесени 203 барања до странски даночни органи за проверка на документацијата доставена од граѓани кои во 2020 година преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак.
Овие активности, се наведува, се дел од механизмите за обезбедување точност и транспарентност во даночниот систем.
Управата апелира навремено да се извршат сите обврски со цел правилно утврдување на даночната обврска и избегнување дополнителни постапки и санкции.
МИА
Ново на Сител
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
-

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
