Уште еден случај на затруено дете во Куманово

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница.
-Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
-Детето е примено вчера на педијатрија, по извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на клиника во Скопје. Во моментот е во стабилна состојба. Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент. По извршената детоксикација на Клиниката ќе биде пуштено дома, изјави директорот на Општата болница во Куманово, Сашо Стошевски.
Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.
МИА
Ново на Сител
-

Фриленсери и хонорарци кои работеле во странство ќе треба да платат данок за 2021
-

И Охрид меѓу градовите со загаден воздух
-

Прилеп е избран за регионален лидер во Западен Балкан за селекцијата на отпад
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
