Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација.
-Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители - Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори, невладин сектор. Работната група ја сочинуваа над 100 членови номинирани од клучните засегнати страни, беа организирани четири национални конференции со повеќе од 500 учесници, а од страна на ангажираните експерти беа спроведени консултации со над 5000 испитаници, наведува МОН во објавата.
Документот се фокусира на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, примена на нови формули за финансирање на училиштата, подобрување на инфраструктурата, оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото и науката.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
