Македонија
16. November 2022 - 16:44

Утре студентите обединети на марш со барање за подостоинствен живот

Измените на законот за студентски оброк предложени од опозицијата не добија зелено светло да се носат по скратена постапка. Предлогот на ВМРО ДПМНЕ е износот од 120 да се зголеми на 160 денари.

-Уште еднаш покажаа дека не се грижат за студентите и дека оној таканаречен договор од пред два дена беше само театар и ПиАр обид на власта за ќарување на евтини политички поени, изјави Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Откако мнозинството не ги поддржа измените на опозицијата предложи преодно решение исплатата на студентски оброк да биде како досега, но да важи до март идната година, а за потоа најавуваат нов закон.

Во меѓувреме студентите од сите Универзитети се обединија и утре на меѓународниот ден на студентите ќе одржат марш. Во 17.30 ќе тргнат од Влада и ќе се движат до Министерството за образование.

- Заеднички барања на сите студенти се реновирање во студентските домови, изјави Славчо Темелковски – претседател на Универзитетско Студенстко собрание на УКИМ.

Во понедлникот додека се одржуваше протест пред Собранието, внатре студентите се договорија со Владата субвенционираниот оброк да биде 150 денари од март и активно да бидат вклучени во работните групи за носење на законските измени кои ги засегаат токму нив.