Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечер ја пречекува Лозана во 2. квалификациско коло во Конференциската лига.
Тренерот Гоце Седлоски фаворитската улога ја препушта на швајцарскиот тим, но најави максимално залагање на неговите избраници во обид да остварат добар резултат пред реваншот на гостински терен.
- Нѐ очекува тежок натпревар. Швајцарскиот фудбал е во подем. Ја респектираме Лозана, но треба да излеземе, да покажеме карактер. Се зависи како противникот ќе ни дозволи да играме. Се надевам на максимално залагање од страна на моите фудбалери и добар резултат пред реваншот, рече Седлоски на синоќашната прес-конференција.
Натпреварот Вардар – Лозана ќе се игра вечер од 20:30 часот на Националната арена “Тодор Проески“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни
-

Долгови „ги гушат“ комуналните, штипски „Исар“ гледа излез и стабилизација
-

Охрид ќе добие Центар за кинески јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
