„Вашингтон пост“ го објави повлекувањето на извршниот директор

„Вашингтон пост“ вчера објави дека се повлекува неговиот извршен директор и издавач, Вил Луис, и тоа само неколку дена по големите отпуштања во компанијата која е камен-темелник на американското новинарство во сопственост на Џеф Безос.
Најавата од средата за план за отпуштање на околу 300 од неговите 800 новинари дојде како шок, во услови на растечко зближување меѓу сопственикот на весникот и основач на „Амазон“, Џеф Безос, и Доналд Трамп, претседател кој ги напаѓа традиционалните медиуми откако се врати на власт.
Во е-пошта до вработените, објавена на социјалните мрежи, од еден од новинарите на весникот, Вил Луис наведе дека „по две години трансформација на „Вашингтон пост“, вистинско време е тој да се повлече“.
Весникот објави дека Луис ќе го замени Џеф Д’Онофрио, кој од минатата година е главен финансиски директор на „Вашингтон пост“.
„Вашингтон пост“, кој го откри скандалот Вотергејт и освои неколку Пулицерови награди, е во криза веќе неколку години, а британскиот новинар Вил Луис беше задолжен да го извлече весникот од ситуацијата.
За време на првиот мандат на Доналд Трамп, весникот се снаоѓаше релативно добро благодарение на неговото широко ценето бескомпромисно известување.
Но, кога републиканскиот милијардер ја напушти Белата куќа, интересот на читателите се намали и резултатите почнаа да опаѓаат.
Според медиумите, весникот е во загуба веќе неколку години. Тој претрпе голем пад на претплатниците кога менаџмент одби да заземе страна пред претседателските избори во 2024 година, на кои победи Доналд Трамп.
„Под мое водство, беа донесени тешки одлуки за да се обезбеди одржлива иднина на „Пост“, за да може да испорачува висококвалитетни, непартиски вести на милиони клиенти секој ден во текот на многу години што доаѓаат“, рече Луис.
Голем број странски дописници, вклучувајќи ги сите оние што известуваат од Блискиот Исток, како и оние од Русија и Украина, се отпуштени.
Секциите за спорт, книги, подкасти, локални вести и инфографика исто така беа значително погодени, некои дури беа речиси целосно укинати.
– Овие отпуштања се срамни. Четвртиот најбогат човек во светот, Џеф Безос, е сопственик на „Вашингтон пост“. Тој може да го води со загуба до крајот на животот, но сепак одбива, рече Бен Браш, новинар на „Вашингтон пост“.
МИА
Ново на Сител
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
