-->
-->
Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-->

Ваташанец бил лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Утрово во 03:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.М.(23) од с.Ваташа, кавадаречко. При сообраќајна контрола на ул.„7 Септември“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,77 промили алкохол во крвта, појаснуваат од СВР Велес.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
