Вечерва ќе биде откриен новиот iPhone 15

Пристигна најважниот ден за Apple на годината.
Американскиот гигант вечерва ќе ја претстави новата линија на iPhone телефони, која секако ќе биде побрза, помоќна, со нови бои и подобра камера, но по долги серии години доаѓа најголемата промена за Apple, воведување на USB-C на своите телефони.
Што се однесува до самиот телефон, се очекуваат четири модели, iPhone 15 и 15 Plus и iPhone 15 Pro и 15 Pro Max.
15 и 15 Plus треба да ги носат сите важни карактеристики од моделот 14 Pro, како и нова 48мп камера и најновиот чип на Apple, A16.
15 Pro и Pro Max треба да добијат титаниумско куќиште, кое ќе ги направи полесни, но и нов A17 процесор.
Покрај телефоните, се очекуваат и часовници од Серија 9, а исто така можно е да видиме нови детали за скапиот VR систем на Apple.
Настанот ќе започне во 19 часот.
Ново на Сител
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Преглед на вестите од светот
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
