Велешката полиција лиши од слобода двајца возачи, поради управување со активна забрана им ги одзела возилата

Синоќа по полноќ во 00:20 часот на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 42 - годишниот И.А. од Велес. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.А., при што било констатирано дека го управувал со активна мерка - забрана за управување со моторно возило од Б категорија, информираат денеска од СВР Велес.
Воедно, појаснуваат дека по насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено.
На крстосница кај Башино село, Велешко, синоќа во 17,30 часот полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 28 - годишниот Н.А од Скопје. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н., при што било констатирано дека го управувал со впишана забрана за управување со моторно возило од Б категорија. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено.
По целосно документирање на двата случаја против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
