Македонија
1. јуни 2018 - 16:22

Верски обред во основно училиште во Радовиш ги вознемири родителите, одговорните молчат

Наместо настава верски обред во училишните простории.  Ваква снимка излезе во јавноста, а според пишувањата истата е направена во основното училиште Крсте Петков Мисирков  во Радовиш.  На снимката која почна да кружи по социјалните мрежи  јасно се гледаат поставените клупи со храна и учениците кои присуствуваат најверојатно на ифтарска вечера.  Засега нема информации кога точно е направено видеото ниту пак на чие барање обредот е извршен во училишните простории , но и кој и дали дал дозвола за сето ова. Одговор на сите овие прашања се обидовме да побараме од директорката  на училитето, но и покрај упорноста и десетиците повици не успеавме да стапиме во контакт и да дознаеме кој дозволил верски обред да биде вршен во училиште,   посебно ако се земе во предвид  дека верско и политичко организирање и дејствување во училиштата е забрането со закон. Граѓаните со став дека местото на ваквите обреди им е во вреските објекти, а не во училиштата.

,,  Има си објекти каде да се посетуваат, каде да одат. ,, вели жител на Радовиш

,, Не сум против никоја вера, ама баш во школото ? Тоа е за образование, не  е да се одржуваат верски обреди. Тоа е исто како попот да оди и да пее во школото. Што има попот да пее во школото, нека си пее во црквата или тој оџата во џамијата нека си пее, што има во школото да пее.,, вели друг жител на Радовиш

,, На тој начин не. Верски обреди не. Може на некој друг начин, да се изучува некој час за да си знае секој во која вера припаѓа без обзир на етникумот.,, вели жител на Радовиш

Став за овој настан побаравме и од локалната самоуправа. Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов првпат за настанот слушна од медиумите. Рече дека не е запознаен со случајот и затоа неможе да го коментира, но најави дека истиот ќе го испита и откако ќе има доволно информации ќе се произнесе со став,  но и со евенталните мерки кои ќе бидат преземени.