Вкупно 18 членки на ЕУ поднеле барање за исплата на средства од одбранбениот механизам САФЕ
До истекот на крајниот, синоќа на полноќ, формално барање до Европската комисија за позајмици за заеднички набавки за потребите на одбраната од механизмот „Безбедносна акција за Европа“ (САФЕ), поднеле 18 земји членки на ЕУ, соопшти ЕК.
Механизмот САФЕ располага со вкупно 127 милијарди евра, кои можат да се користат во форма на заеми за финансирање на набавки за потребите на одбраната. Покрај членките на блокот, можност за аплицирање за средства од САФЕ имаат и држави кои не се дел од Унијата, но кои имаат склучено договори за безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ, меѓу кои е и земјава.
Листата од 18 земји кои поднеле барања за позајмици ја сочинуваат Белгија, Бугарија, Грција, Естонија, Италија, Кипар, Летонија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Хрватска, Чешка и Шпанија. Вкупната вредност на поднесените барања за финансирање од земјите членки изнесува 104 милијарди евра.
Еврпската комисија стравуваше дека земјите членки нема да ги искористат сите достапни средства, проценувајќи дека ќе бидат поднесени проекти во вкупна вредност помеѓу 75 и 100 милијарди евра. Од тие причини, еврокомесарите за одбрана и за финансии, Андриус Кубилиус и Валдис Домбровскис испратија писма до земјите членки со кои ги повикаа да аплицираат за искористување на достапните средства за заеми.
Преостанатите 23 милијарди евра од механизмот САФЕ дополнително ќе може да ги искористат земји кои досега не аплицираа за позајмици.
Апликантите имаат рок до ноември до Брисел да достават детални планови за тоа како ќе ги потрошат средствата за кои аплицираат.
Доколку не бидат искористени сите предвидени средства од САФЕ, за распределба на преостаната сума следната година со нови проекти ќе можат да аплицираат и оние земји на кои ќе им бидат исплатени заеми.
МИА
Ново на Сител
-
Опозицијата бара одговорност од Власта за пожарите - Тошковски тврди државата соодветно се справува
-
Тошковски: На безобѕирните возачи во иднина ќе им се одземаат возилата
-
Тема на денот со основачите на „Илинденски марш 78-ма“
-
Пратенички прашања: Кој го издаде Македонскиот јазик и идентитет
-
Избор на претседател на ДКСК и Народен правобранител пред локалните избори
-
Коцевски не заминува од функцијата, имал премногу работа како Јавен обвинител
-
„Едвај чекам“, рече Арсовска по најавите на Ганиу дека ќе ја тужи
-
РСБСП: Безбедно лето, вози одморен