Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени

На 08.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 06.06.2026 околу 19:30 часот во домот во скопско, нејзиниот сопруг Р.Ј.(47) и се заканувал. Со него бил извршен службен разговор во Полициската станица Кисела Вода.
На 08.06.2026 во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34).
На 09.06.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Б.(46) од Битола затоа што во семејниот дом во битолско физички ја нападнал неговата сопруга.
На 08.06.2026 во 16:25 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(31) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар „Туристичка“ во Охрид физички ја нападнал неговата сопруга.
На 08.06.2026 во ОВР Струга е извршен службен разговор со В.С.(40) од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син. Додека, на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа.
По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.„Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат. Децата се предадени на таткото В.С..
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
-

Анализа на ФЗО: Вештачки колк чекаат над 650 пациенти – лани имало зголемен број на вакви операции
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
