Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката

Владата и Црвениот крст ќе ја зголемуваат соработката и наскоро ќе има средба за да се договорат заедничките активности, најавија по денешната средба премиерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.
- Утврдивме заеднички дека е потребно на повисоко ниво да ја зголемиме соработката помеѓу Владата и Црвениот крст. Дадов збор дека таа активностг ќе има мој личен фокус и оти многу скоро во рамки на Владата со ресорните министерства ќе се организира состанок за да видиме во што од програмите на министерствата може заеднички да се соработува, изјави премиерот Мицкоски.
На настанот по повод 80 години од основањето на Црвен крст премиерот изразил голема благодарност за активностите на организацијата по трагедијата во Кочани.
- Направија навистина голема работа, тогаш заеднички ја почнавме активоста, ги канализиравме сите доброчинители кои сакаат да помогнат да ги насочат своите средства кон сметката што ја отвори Црвениот крст, рече Мицкоски.
Саити оцени дека досегашната соработка е плодна и почива на реални основи.
- Искажавме многу добри можности, прилики, идеи, кои треба да ги ставиме во активости во наредниот период и наскоро ќе има средби за да се договорат заедничките активности, рече Саити.
Ново на Сител
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
