Македонија
4. March 2026 - 16:38

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација

Владиниот авион утре од Египет треба да извлече 6-мината Македонци кои преку копнен пат од Израел ќе бидат транспортоирани на безбедна територија.

Останатите шестмина кои беа пријавени за евакуација, одлучиле на сопствен трошок со комерцијални летови да заминат кон Скопје. Државата со асистенција на дипломатско-конзуларните претставништва обезбедила хотелско сместување додека не се спроведе евакуацијата. 

Според последните информации од МНР, до денеска вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Од нив, 136 лица се пријавени во Доха, додека бројката во Абу Даби континуирано се зголемува и во моментов изнесува околу 477 лица.

Според информации на Сител, МНР и Амбасадата во Абу Даби, работат и на обезбедување на хуманитарни визи за Македонците , затекнати во Кувајт, Бахреин и Катар за влез во Саудиска Арабија, каде е отворен воздушниот простор за безбедно да полетаат кон Скопје. 

Неколку македонски државјани државјани затекнати во Израел, успешно биле извлечени до Шарм Ел Шеик, од каде со српски владин лет на „Ер Србија “ синоќа слетале во Белград. 

МНР во координација со македонската амбасада во Абу Даби ги финализираат деталите околу организацијата на три чартер летови за евакуација на македонските државјани во Обединетите Арапски Емирати и Катар,преку Флај Дубаи. Повторно ги повикаа сите кои се заинтересирани за евакуација, а досега не се пријавиле да се јават во амбасадата во Абу Даби.

Ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а веќе не се пријавиле, во најкраток рок да се пријават на следните контакти:

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Телефон: +971 56 441 7532

Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk