Во болницата во Штип нема веќе слободни места за Ковид пациенти
Инфективно, кожно и одделението за анестезиологија во штипската Клиничка болница, исполнети до последното место. Слободни кревети на овие одделенија за нови Ковид пациенти нема. Директорот на болницата информира дека на денешниот состанок со раководителите на анестезиологија и кардиологија, договорено е до вечер да се ослободат уште 4 кревети. Во моментот на лекување се 69 пациенти кај кои е детектирано присуство на корона вирусот.
-Имаме од различна возраст пациенти, од најмали до најстари. Поголемиот дел се од постара возрасна група. Имаме од сите градови на источна Македонија, а нормално имаме и штипски пациенти, кои се помлади, а над 35 пациенти се со потешка клиничка слика - изјави Ален Геогријев, директор на Клиничка болница - Штип.
Бидејќи ситуацијата е крајно сериозна, се прават напори кон средината на следната недела да се стави во функција модуларната болница, со што ќе има дополнителни 47 кревети. Централниот довод на кислород е монтиран, а останува да биде завршен пристапниот дел до болницата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар