Во Дојран нема корона: Градот се надева и на странски туристи
Со нулта позитивни случаи на корона вирус Дојран се промовира како безбедна туристичка дестинација. Најавуваат дека ќе вложат максимални напори овој тренд да продолжи. Во привлекувањето на туристите треба да придонесе и уредувањето на новите плажи, но и големиот број други содржини пред се во делот на културно историските локалитети кои до лани не беа достапни за пошироката јавност. Од агенцијата за поддршка на туризмот се убедени дека туристичкиот сектор од Дојран на најдобар можен начин ќе го искористи целиот потенцијал со кој располага.
Од локалната самоуправа се надеваат дека годинава освен домашните во Дојран повторно ќе има можност да се видат и странските туристи.
Минатата година Дојран ја заврши со околу 100 000 ноќевања. Голем дел од нив беа рализирани со ваучерите за поддршка туризмот кои имаа значаен придонес за спас на туристичката сезона.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
