Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион
Во Скопје се одржува Втор состанок за ненадејна срцева смрт во балканскиот регион (2nd International Meeting Sudden Cardiac Death in the Balkan area). Првиот состанок беше минатата година во Трст, Италија. Целта на овој состанок е унапредување во превенцијата, детекцијата и лекувањето на срцевите аномалии што може да доведат до смртен исход кај млади лица, појаснуваат организаторите на настанот.
- Ќе бидат присутни еминентни стручњаци од регионот како и од Италија, Англија, Турција и Швајцарија, од кардиологијата, судската медицина, спортска медицина, молекуларна биологија и ИТ секторот. Вкупно се регистрирани 180 учесници. Очекуваме да се постави унифициран протокол за сите земји преку што ќе се верификуваат случаите на ненадејна срцева смрт, ќе се формира електронска база на податоци од медицинска историја, клинички прегледи, обдукционен наод, токсиколошки анализи, хистопатолошки анализи и генетски полиморфизми. Преку овој протокол, покрај дијагнозата, ќе се изведува и генетско советување кај роднините на починатите со цел за превенција од ненадејна срцева смрт, се додава во соопштението.
Како што се истакнува, „целокупната активност освен од стручен има и голем научен аспект, при што со публикација на новите сознанија ќе се издигне и научниот рејтинг на Република Северна Македонија“.
Најавено е состанокот да го отвори министерот за здравство Азир Алиу.
МИА
Ново на Сител
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП
-
Тошковски очекува безбедни, фер и демократски избори
-
Пулмолошки скрининг утре и задутре во Трубарево
-
Владата ќе субвенционира филтри за оџаци
-
Поврзаноста на парацетамолот и аутизмот не е научно заснована, реагира лекарската фела по изјавата на Трамп