Во сообраќајка повредени пациент и вработени во Брза помош
Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава на регионалниот пат Штип- Кочани. Околу 9 и 30 во близина на с. Крупиште дошло до судир помеѓу возило на итната медицинска помош од Кочани и камион. Во медицинското возило се превезувале возачот, медицинска сестра и 80 годишен ковид пациент кој го транспортирале на лекување на инфективното одделение при штипската клиничка болница. Поради силината на ударот и неможноста да се извади возачот од возилото морала да интервенира против пожарната единица од Штип.
- Возилото од напред беше згмечено, на возачот му беше заглавена едната нога. Пристапивме кон сечење и ширење на збиенто возило. Акцијата траеше околу половина час. Го извадивме човекот и го ставивме во носилаката на брзата помош, изјави Мирче Стојчев - пожарникар - ТППЕ - Штип.
Покрај возачот со скршеници се здобил и ковид пациентот. Тие најнапред се пренесени во штипска клиничка, но поради сериозноста на повредите веднаш се транспортирани на трауматологија во Скопје. Медицинската сестра со лесни повреди е хоспитализирана во кочанската болница. Инаку, само еден и пол час подоцна на истата делница, во близина на с. Уларци се случила уште една сообраќајка во која учествувале 3 возила. Петмина се здобиле со полесни повреди и се пренесени во болницата во Кочани, а потешко повредениот е пренесен во Скопје.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар