Во Струмица денот на пожарникарството одбележан со показна вежба за извлекување настрадани во земјотрес
Наместо со прослава, струмичките пожарникари денот на пожарникарството го одбележаа со показна вежба за извлекување настрадани во земјотрес. Тимот за урбано пребарување и спасување на територијалната професионална противпожарна единица кој е дел од републичките сили за заштита и спасување на терен демонстрираше пребарување, лоцирање и спасување на жртви од катастрофален земјотрес.
Градоначалникот на Струмица кој ја следеше вежбата најави дека локалната самоуправа во континуитет вложува во подобрувањето на капацитетите на единицата која во многу реални ситуации досега ја покажа својата подготвеност, професионалност и пожртвуваност во спасувањето на човечки животи и материјални добра.
За време на вежбата струмичките пожарникари освен нивната физичка подготвеност ги презентираа и новите технички можности со користење на опремата за извлекување на настрадани во земјотрес.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
