Македонија
22. January 2026 - 16:33

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани

Грипот ги полни амбулантите и во струмичко-валандовскиот регион. Растот на бројките го потврдуваат и од Центарот за јавно здравје од каде велат дека од почетокот на сезоната бројот на заболени од грип е речиси двојно поголем во споредба со истиот период минатата година.

Во однос на возраста, опфатени се речиси сите возрасни групи на граѓани, но најзастапено е работоспособното население на возраст од 15 до 64 години.

Од Центарот за јавно здравје посочуваат дека  и покрај зголемениот број на заболени, место за паника нема  бидејќи ваквата состојба е очекувана за овој период од годината.

Сезонскиот грип е една од главните причини и за намалениот број на деца во градинките во Струмица. Последниве денови нивниот број во двете општински установи е речиси преполовен. Дури 490 деца отсуствуваат од двете градинки, во кои вкупно се запишани околу 1.230 дечиња.За избегнување на сезонскито грип остануваат препораките да нема групирања, консумирање на повеќе течности и здрава храна, чести проветрувања, физичка активност, редовна хигиена.