Во текот на вчерашниот ден шест пријави за семејно насилство, три лица уапсени

На 12.03.2026 околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, во неговиот дом во село во општина Центар Жупа, од слобода го лишија Ј.Р.(48). Тој претходно, во семејниот дом, предизвикал вербална расправија со сопругата и малолетната ќерка, по што со тврд предмет ја нападнал малолетничката. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2026 во 16:30 часот, во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско лишиja од слобода 26-годишник од Градско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 20-годишна сопруга, по што дошле неговиот татко и таткото на неговата сопруга и настанала турканица меѓу нив. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2026 во 15:52 часот во СВР Штип, 28-годишна жена од штипско, пријави дека околу 15:45 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.С.(34). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од скопско, пријави дека телефонски и се заканувал нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој престојува во странство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Нa 12/13.03.2026 околу полноќ во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 54- годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, при што и нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2026 во 16:30 часот во ОВР Прилеп, 45-годишен маж од Прилеп пријави дека во семејниот дом во Прилеп, неговата сопруга физички го нападнала нивното малолетно дете. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
-

Преглед на вестите од светот
-

Ревизија открива: Нема доволно инспектори за надзор во градежништвото
-

Здравствени работници “трпат” насилство во болници и клиники и не пријавуваат
-

Претседателот на Уставен итно да поднесе оставка – албанските партии со жестоки реакции
-

По скоро две децении запуштеност, започна реконструкцијата на салата при УКИМ
-

Крива Паланка и Ќустендил иницираат збратимување и засилено партнерство
