Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки - Дебар, ги известува корисниците на вода за пиење дека може да ја користат само со претходно нејзино превривање.
-Ги известуваме корисниците, дека водата за пиење пред консумирање се препорачува да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Затоа бараме разбирање и внимание при користење на водата до следното известување, стои во известувањето објавено доцна попладнево.
Причина за тоа е технички дефект на апаратурата во станицата за хлорирање, поради што водата нема да биде хлорирана до отстранување на дефектот.
Во понеделникот во градот, во периодот од 9 до 19 часот, имаше прекин во водоснабдувањето, поради изведување зафат врз главниот вентил во градскиот резервоар, а во исто време и негово генерално чистење. И во следните два дена имаше неколкучасовни прекини во водоснабдувањето.
Ново на Сител
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
-

100 возила за Пошта
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради зграда на 40 спрата во Дубаи - Филипче си купил стан
-

Свлечиштето кај депонијата Мегленци ги вознемири жителите: Има ли опасност од ново?
-

Преглед на вестите од светот
-

Избор на нови министри во Собранието
