-->
-->
Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-->

Жител на гостиварско Чегране е лишен од слобода, откако при контрола на сообраќајната полиција било утврдено дека нема возачка дозвола.
Според портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, вчера попладне во 16:45 часот на магистралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.А.(24) од селото Чегране, гостиварско.
-При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф. А и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит. Возилото било одземено, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Тој посочи дека по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
