Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа

Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години ги загубија животите во сообраќајната несреќа денес околу 15.45 часот на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“. Тие се наоѓале во патничкото возило „опел“ со тетовски таблици каде има и повреден сопатник.
- Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово. Во незгодата животот го изгубиле возачот Т.И (59) и сопатничките И.И.(55) и З.М.(71) од Тетово, додека сопатникот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на опсервација во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.
Увид на местотот е во тек кој го презел дежурниот Јавен обвинител и Увидна екипа од СВР Тетово.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
-

Младите од Црвениот крст во Струмица со мали проекти поттикнуваат хумани дела
-

Мицкоски во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
