Вратен олимпискиот медал на Романката Барбоса

Судот за спортска арбитража (ЦАС) и и го врати бронзениот медал на романската гимнастичарка Ана Барбоса која таа го освои минатиот вторник во олимпиското финале на партер, но по жалба на американската репрезентација и беше одземен и доделен на петтопласираната Џордан Чилс.
Судскиот совет на ЦАС пресуди во корист на 18-годишната Романка, истакнувајќи оти е направена процедурална грешка во жалбената постапка. Според прописите на Меѓународната гимнастичарска федерација, рокот за жалби на натпреварите е една минута од моментот на објавување на резултатите, а раководството на натпреварувањето ја добило американската жалба „една минута и четири секунди“ по објавувањето на оценките за изведбата на Џордан Чилс.
Поради ова, судиите на ЦАС донесоа одлука оценката на американската гимнастичарка да остане 13.666, што ја остави на петтото место, а Ана Барбоса го доби бронзениот медал.
„Ова е чувство кое тешко можам да го изразам, не ми се верува. Кога ја слушнав веста се исплашив дека не е точна, а кога ме убедија дека е, ги прегрнав родителите и им се јавив на сите што ми помогнаа“, изјави Барбоса.
Ново на Сител
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
