Врховниот суд го одби барањето на Васил - останува казната од 13 години затвоp

Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, кој на пешачки премин, минатата година во Скопје, ја прегази и усмрти Фросина Кулакова.
Ова значи дека неговата казна од 13 години затвор останува на сила, и тој веќе нема правни мерки со кои би можел да ја ублажи казната.
- Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 в.в. член 297 став 1 од Кривичниот законик и осуден на казна затвор во траење од 13 –тринаесет години, информираат од Врховниот суд.
Јованов првично беше осуден на 12-годишна затворска казна од Кривичниот суд, но Апелација му ја зголеми казната за една година.
Кобната сообраќајка се случи минатата годината, а според пресудата, Јованов без возачка дозвола, под дејство на алкохол и на црвено светло удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло, при што таа починала на лице место.
Ново на Сител
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
