Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
Ново вознемирувачко видео од случај на меѓуврсничко насилство се појави во јавноста, а овојпат инцидентот се однесува на настан во Куманово.
Според информациите објавени од порталот „Слободен печат“, нападот се случил пред околу еден месец, додека вчера имало обид случајот да биде пријавен во полициска станица Куманово. Жртвата, како што се наведува, била повикана на разговор во полиција денеска.
Снимката од нападот најпрво била споделена на социјалната мрежа „Снепчет“ со вознемирувачка порака, а на неа се гледа како девојче е нападнато од група други девојчиња.
Според објавеното видео, девојчето било удирано со шлаканици и клоци од три лица. Во еден момент напаѓачките ја влечат за коса и ја туркаат кон ѕид, додека таа видно вознемирена не успева да се одбрани. Едно од лицата за кои се тврди дека учествувале во нападот, според информациите на порталот, е 19-годишна девојка.
Од Министерството за внатрешни работи информирале дека СВР Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство Куманово, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
