Вучиќ утре ќе разговора со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека утре ќе има разговор со рускиот претседател Владимир Путин на сите теми од билатералните односи меѓу двете земји, од гасот, нафтената индустрија на Србија, до политичките односи.
-Тоа ќе биде разговор за сите теми од билатералните односи меѓу Србија и Русија, од гасот, нафтената индустрија на Србија, но и нашите политички односи, севкупните односи во сите сфери на општественото живеење. А една од темите, денеска претседателот Додик ми пренесе порака што треба да му ја пренесам на претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович во негово име и во име на Република Српска, рече Вучиќ по состанокот со Додик.
Тој информира дека во наредниот период телефонски ќе разговара и со лидерите на одредени земји од Европската унија.
-Се обидувам да разберам што точно прават, а благодарен сум за лицемерието што го видов пред два дена по ден чекање или вчера по ден чекање, кога се појавија со онаква сиромашна изјава по бруталното насилство во Народното собрание каде беа повредени три жени, една жена се уште е во болница во тешка состојба, и воопшто не им беше грижа, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Уапсен поранешниот државен правобранител Фахми Стафа
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
