За долг од 80.000 денари лихвари во Кавадарци наплатиле 700.000 денари

На 06.11.2025 во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ.
Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата и му го зголемувале долгот.
За целиот период, оштетениот му исплатил на Н.С. сума од над 700 000 денари.
По издадена судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.С. и Р.С., при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
