Македонија
6. May 2025 - 16:37

За една деценија државата „загубила“ 28 000 ученици

За една деценија државата „ загубила“ 28 000 ученици. Статистиката покажува дека во уписната 2014-1015 имало 192 165 ученици во основно и 83 522 во средно, а годинава вкупната бројка изнесува 247 770 ученици. Ако се извади просек тоа значи дека секоја година имаме по 2800 ученици помалку од претходната. И најновите податоци на ДЗС се во пад во основ на упишани ученици. Во споредба со ланската учебна, во основните училишта има 1500 ученици помалку, а во средните бројот се намалил за нешто повеќе од 130 средношколци. 

Миграцијата е главната причина за овие бројки но причините од година во година се менуваат. Поранешниот директор на ДЗС вели уште повеќе загрижува намалувањето на  бројот на првачиња. Во тек се уписите за првоодделенци а според проценките на Симовски, вкупниот број ќе биде драматично помал од ланската уписна година. 

Егзодусот кој и се случува на земјава е поттикнат од различни причини за што познавачите велат повеќе не се само од економска природа. Истражувачите од ЗМАИ имааат уште подраматични проценки за во иднина.

Истражувачите сметаат дека недостасуваат многу поконкретни политики не само во однос на условите туку и во квалитетот на образованието.

Во националната развојна стратегија 2024-2028 токму демографијата, наталитетот и развојната политика се главни приоритети но засега само на хартија. Во овој документ предвидени се политики како намалување на трошоците поврзани со воспитување на деца, промовирање на реинтеграција на иселеници, развој на руралната инфраструктура, изградба на домови со пристапни цени а владата назначи и национален координатор токму за спроведување на оваа стратегија.