Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Стража - Кичево во двата правца е воведена од 9.40 часот поради врнежи од снег.
Како што претходно соопшти ЈП „Македонијапат“, од 9.20 часот поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица - Попова Шапка, а од 5.45 часот е забранет сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.
АМСМ и ЈП „Македонијапат“ информираа дека врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.
МИА
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
