Загрижувачки тренд поради кој жените се откажуваат од љубовните врски

Нови истражувања откриваат загрижувачки тренд во љубовните врски, познат како „менкипинг“, поради кој многу жени се откажуваат од излегувања и потрага по партнер.
Терминот го создадоа истражувачите од Универзитетот Стенфорд, психологот Анџелика Ферара и социологот Дилан П. Вергара, и се однесува на „невозвратен труд што жените го вложуваат за да ги задоволат емоционалните и социјалните потреби на своите партнери“. Тоа значи дека жените се грижат за речиси целиот живот на мажите – од организирање на социјален календар, купување подароци и резервирање термини кај стоматолог, до задоволување на нивните физички и емоционални потреби, но нивниот труд ретко се цени или возвраќа.
Истражувачите посочуваат дека појавата е резултат на „епидемија на машка осаменост“, т.е. мажите често немаат пријателства кои им обезбедуваат емоционална поддршка, па целиот притисок го префрлаат врз своите партнерки. Според статистиките, само 38% од слободните жени во САД активно бараат врска, во споредба со 61% од мажите. Во Обединетото Кралство, дури 76% од самците изјавиле дека во последната година не се обиделе да најдат партнер, што укажува на тоа дека многу жени паузираат со љубовниот живот.
Ферара нагласува дека целта на истражувањето била да им се даде „глас и чувство за сила и самодоверба“ на жените околу нивните поплаки, но и покрај тоа реалниот ефект е масовно откажување од љубовните врски.
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во официјална посета на Македонија
-

Тројцата полициски службеници обвинети за работењето на кочанската дискотека не се чувствуваат виновни
-

Од годинава три типа матура, гимназијалците на државна, стручните со право на избор
-

Преглед на вестите од светот
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
