Започна исплата на субвенциите за сточарско производство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е започната исплатата на субвенциите за сточарско производство.
Посочуваат дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги има изготвено налозите за исплата на финансиската поддршка за одгледувачите на овци, кози и говеда и ги има испратено во трезорот на Министерство за финансии.
Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои пријавиле одгледување на овци, кози и говеда, кои имаат наполнето 12 месеци до денот на поднесување на барањето.
– Креирана е нова мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар. Мерка по европски стандарди, која има за цел да ги стави во функција површините со намена ливади и пасишта, за производство на храна за добитокот. Преку програмата за рурален развој ги помагаме сточарите во трошоците за ангажирање на работна сила за чување и напасување на добитокот на пасишта или ливади. Од досегашните 360.000 денари по овчар, на 620.000 денари се зголемува платата за овчарите, а дополнително се трга досегашниот критериум над 700 метри надморска висина, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Кривични пријави за 6 лица од стоматолошката комора - заработиле половина милион евра со злоупотреби на лиценци
-

Михаела Доцова избрана за претседател на бугарскиот Парламент
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Се поставуваат камери од „Безбеден град“ во Охрид и Струга
-

Маржите за ѓубривата замрзнати, цените растат
-

Земјоделците ја поздравуваат мерката за поевтини ѓубрива, но бараат и засилен надзор од инспекциските служби
-

Преглед на вестите од светот
-

Се укинува Пржинската влада
