Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“

За една недела се исчисти дел од коритото на Отовичка река која се влева во велешкото езеро Младост, а од вторник ќе се започне со чистење на крајбрежјето на езерото.
Општина Велес ја продолжува соработката со ЈПВ „Лисиче“ кое стопанисува со акумулацијата и во наредниот период предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток на свежа вода како и изведба на дополнителен сифон за празнење на езерото, информираат од Општина Велес.
Како што информира за МИА, Ване Маневски директор на ЈПВ „Лисиче“ од вторник – 18 ноември започнува чистење на крајбрежјето на велешко езеро „Младост“ од сува трска наслаги на земја и друг отпад. Работите ќе се изведуваат со подршка на механизација од АД „Водостопанство“ од Скопје.
Воедно во рамките на мерките за ревитализација за спас на езеро „Младост“ а што налага дотур на свежа вода во езерото Манев информира дека потоа ќе се прават бушотини на најмалку две локации покрај езерото, за дотур на свежа вода.
Директорот Ване Маневски потенцира дека ЈПВ „Лисиче“ и Општина Велес, деновиве вршат интензивни преговори со Владата за трајно решавање на проблемот за спас на велешко езеро, со здрава и чиста вода. Тоа подразбира финансиска поддршка за доградба односно поврзување на цевководот од Хидросистемот „Лисиче“ на потегот од кај село Раштани до велешко езеро „Младост“.
МИА
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
