Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 од Кривичниот законик.
Како што информира Јавното обвинителство, обвинетите, од 28 февруари 2025 до 9 јули 2025 година, незаконски оставале, собирале и управувале со опасен отпад што содржи супстанции што имаат својство на експлозивност, запаливост, надразливост, токсичност, канцерогеност и екотоксичност на катастарска парцела во Визбегово на која за тоа немале соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.
На 9 јули 2025 година на локацијата избувнал пожар, кој, поради обемот и опасноста, не можел да се стави под контрола, при што согорел дел од непрописно складираниот отпад. Тоа предизвикало масовно испуштање црн чад и значително загадување на воздухот, потврдено со мерењата на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана при АРМ. Крајната последица од незаконитите дејства на обвинетите е и предизвиканата потенцијална опасност за животот и здравјето на луѓето.
- Со истрагата е утврдена одговорност кај една сопственичка и управителка на обвинетото правно лице, која заеднички и со умисла заедно со второобвинетиот, кој учествувал со особен придонес во работата на правното лице, ги презела незаконитите дејства. Обвинение за дејства од чл. 230 ст. 6 е поднесено и против уште една сопственичка на друштвото и на парцелата, која не била свесна за можноста од настапување штетна последица, иако според околностите на случајот и своето лично својство била должна и можела да биде свесна за таа можност - се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
-

Мицкоски: Запленетата дрога ќе надмине 100 тони, дел од вмешаните веќе се приведени
-

Садула Изари ја презема функцијата член на Судски совет
-

Законот за високо образование може да претрпи измени
-

Стружани мака мачат со водата, не смеат да ја употребуваат за пиење
-

Преглед на вестите од светот
