Здруженија и активисти за заштита на животните побараа да запре слободната продажба на отров и насилството врз кучињата
Стоп за слободната продажба на отрови и да запре насилството и убивањето кучиња и мачки, побараа здруженија и активисти за правата на животните на денешниот собир на плоштадот Македонија. Ова следи по зачестените труења на кучиња во Скопје и останатите градови низ државата. Од Анима Мунди бараат полицијата да биде поактивна на терен, а расфрлањето отров да го препознаваат како тешко кривично дело.
Љубителите на животни предупредуваат дека отровот за кратко време може да убие и човек и биле принудени додека ги шетаат милениците да носат средства за Прва Помош.
Денешниот собир доби подршка од голем број граѓани од сите генерации кои ги сакаат животните.
Инаку расфрлањето отров по јавни површини вчера го осудија и од Град Скопје и од општина Центар.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
