Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина

Руските сили во текот на изминатата недела извршија масовни напади врз Украина користејќи над 3.000 беспилотни летала, повеќе од 1.450 наведувани авиобомби и 40 ракети од различен тип, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот Фејсбук-профил.
Зеленски истакна дека значителен дел од употребените дронови се од типот „Шахед“ и нагласи дека руските воени дејствија не стивнуваат, туку отворено се инвестира во продолжување на војната, што води до меѓународна дестабилизација. Според него, Украина е цел на истите дронови и балистички ракети кои се користат и во регионот на Блискиот Исток и Персискиот Залив, со што директно се загрозуваат светските пазари и се блокираат морските патишта.
– Мораме заеднички да произведуваме модерни одбранбени системи потврдени во војна. Треба да ги обединиме нашите капацитети за луѓето да живеат во мир во Европа, на Блискиот Исток и во другите делови од светот – порача Зеленски.
Тој додаде дека украински експерти веќе направиле сеопфатна проценка на одбранбените можности на Катар и развиле конкретни решенија за зајакнување на противвоздушната одбрана во тој регион.
Ново на Сител
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
-

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите на Филипче му смислиле празен концепт за програма
-

Повредените со изгореници во „Пулс“ се лекуваат ласерски
-

Секој трет Македонец е гојазен
