-->
-->
Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-->

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа Чернобил, при што во еден дел избил пожар, што набрзо е изгаснат.
Зеленски на платформата Икс објави дека еден дрон ја погодил зградата на централното складиште за искористено гориво.
-Екстремно критична инфраструктура и екстремно зол руски напад, наведе Зеленски, додавајќи оти по нападот нивото на радијација на ги надминува дозволените граници.
Тој посочи и дека Русија во текот на ноќта нападнала 13 украински региони, при што, наводно, биле гаѓани и цивилни објекти.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
-

Ќе се проверува производството на спорните млечни производи, од понеделник резултати и за сувомесните
-

Спорни исплати, незаконски надоместоци, набавки без тендер – ревизорски извештај за Академијата за судии
-

Почна судењето за случајот ИПАРД
