Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на Украина од Донбас во замена за членство во НАТО

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските преговарачи на неодамнешните мировни разговори со Русија во Абу Даби покренале прашање за можно повлекување на украинските сили од Донбас во замена за членство на Украина во НАТО.
Зеленски повтори дека Киев не е подготвен да се повлече од својата територија. Сепак, тој рече дека доколку Украина добие сеопфатен пакет безбедносни мерки што би вклучувал безбедносни гаранции, силна и соодветно финансирана украинска армија, како и средства за обнова на земјата, би го ставил прашањето на референдум.
„Американците го покренаа прашањето: „А што ако Украина се приклучи кон НАТО? Дали Украина би се повлекла од Донбас? Ова беше првпат да се постави такво прашање“, изјави Зеленски пред новинарите во изјава објавена денеска од неговиот кабинет.
„Затоа сметам дека НАТО повторно е на дневен ред. Но, ги слушнавте и пораките на (рускиот претседател Владимир) Путин, а ова е исклучително тежок разговор“, додаде украинскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Насилникот нема да смее да се врати дома 48 часа – ако ја прекрши забраната, следува кривична пријава
-

Потребно е поголемо охрабрување на жените од руралните средини да го пријавуваат насилството
-

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија ќе бидат заокружени до декември
-

Охрабрувачки бројки за премиерот, разочарувачки за опозицијата
-

Политичките партии бараат одговорност за Алта банка
-

На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации
-

Поради ниската откупна цена на пченицата драстично намалување на површините за есенската сеидба
-

Интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево
